Македонската кошаркарска репрезентација играчи до 16 години со поразот од Унгарија настапот на ЕП Б дивизија во Скопје го завршија на 10.то место. Ова за нашата репрезентација беше само втор пораз на шампионатот, Унагарија славеше со 80:71 (23:16; 18:17; 25:25 и 14:13).
На последниот дуел од шампионатот македонските кошаркари постојано беа во негатива, а унгарските кошаркари со добрата прва четвртина и стартот на дуелот создаоа предност што се покажа како недостижна. Македонија во псоледната четвртина намали на четири поени негатива, но немаше сили и шанси за пресврт.
Најефикасен кај Македонија беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Зетени Курфис од Унгарија со 30 поени.
Македонија во рамките на групата постигна победи против Украина, Шведска и Австрија, додека во нок аут фазата ги совладавме Данска и Португалија, додека имавме два пораза од Естонија во групата и од Унгарија во дуелот за пласман.