Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, ја очекува нов циклус квалификации за европскиот шампионат. Како дел од подготовките македонските одбојкари настапуваа на меморијалниот турнир „„Бранко Хаџииљоски Чајка“.
На турнирот што се игра во салата „Парк“ во Струмица, гости се одбојкарите на Израел и Косово.
Во првиот меч, македонските одбојкари славеа убедлива победа над Косово со 3:0, па денеска ќе играат против Израел. Натпреварот е закажан во терминот од 19 часот.
Ова ќе биде и последна контрола, за македонските одбојкари кои евро-квалификациите ќе ги почнат со гостувањето кај Грузија на 17 август. Осум дена подоцна (25 август) во Скопје гостува Грција.