Младата женска кошаркарска репрезентација на Македонија по дводневен одмор денеска повторно со настап на ЕП во Проешти, Романија.
На шампионатот за кошаркарки до 18 години (Б дивизија) Македонија попладнево ќе игра против селекцијата на Бугарија.
По двата порази Ирска и Грција, избраничките на селекторот Горан Крстевски денеска ќе мора да го поправат впечатокот.
Дуелот меѓу Македонија и Бугарија што ќе почне во 15 часот, може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.