Со шесте победи на исто толку одиграни натпревари, јуниорската кошаркарска репрезентација се избори за полуфинале.
На ЕП за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје, Македонија е меѓу четирите најдобри.
Со тоа македонските јуниори се изборија за шанса да освојат медал. Тоа практично ќе значи и промоција на репрезентацијата во повисок ранг на натпреварување (А дивизија).
Првата можност за тоа избраниците на селекторот Горан Андреевски ќе ја имаат попладнево во дуелот против Бугарија.
Натпреварот Македонија и Португалија започна од 18.30 часот, а се игра во Борис Трајковски, каде од 21 часот ќе се игра и второто полуфинале Полска – Австрија.