Првакот Струга Трим Лум кој остана единствениот македонски претставник на европската фудбалска сцена, денеска има нов настап. Откако стружани беа елиминиран од Лигата на шампионите, тие продолжуваат во Конференциска лига.

Во натпревар од второто квалификациско коло, Струга ТЛ денеска ќе играат против Пјуник.

Ерменскиот тим кој со години е присутен на европската сцена, ја има благата улога на фаборит. Плуник има и позитивен резултат во дуелите со макеоднските екипи. На осумте одиграни натпревари против напите екипи Пјуник се радувал на 5 победи, а останатите три натпревари завршиле со нерешен резултат.

„Против нас имаме екипа која всушност е многу дисциплинирана, многу борбена.

Се работи за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да го победиме тимот на Пјуник“,

изјави тренерот на стружани Ќатип Османи.

Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Пјуник што ќе се игра во Охрид на „Биљанини извори“ ќе почне од 17 часот. Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ

ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО