По краток одмор, а по настапот во Златната европска лига, машката одбојкарска репрезентација на Македонија, повторно е во „погон“.
Од вчера македонските одбојкари се во Маврово, каде ги почнаа подготовките за квалификациите за Европското првенство 2025-та.
Сега во тимот е и искусниот Александар Љафтов кој верува дека Македонија може до ново учество на континенталното првенство.
Противници на нашата репрезентација во квалификациите се одборите на Грција и Грузија.
Првиот меч е закажан за 17-ти август, а ќе и гостуваме на Грузија, додека 25-ти ќе ја пречекаме Грција.