Двете екипи кои ја претставуваат Македонија во фудбалската Конференциската лига, Тиквеш и Шкендија, денеска ќе ги играат првите натпревари. На програмата се натпреварите од првото квалификациско коло.

Први на сцената ќе излезат фудбалерите на Шкендија. Тетовци гостуваат во Ерменија кај екипата на Ноах во дуелот што ќе почне од 18 часот.

Тиквеш своето деби ќе го има во Скопје, на арената „Тодор Проевски“. Кавадарчани за противник ја имаат екипата на Бреидаблик од Исланд, редовен учесник во европските натпреварувања.

Натпреварот ќе почне во терминот од 20.30 часот.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ

Потсетување дека вчера својот прв натпревар на европската сцена го одиграа фудбалерите на Струга ТЛ. Македонскиот првак Струга Трим Лум со пораз се враќа од гостувањето во Братислава во Словачка. Стружани загубија од Слован со 2-4 во дуел од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Реванш дуелот Струга и Слован ќе го играат во среда на „Билјанини Извори“ во Охрид.