Капитенот на хрватската кошаркарска репрезентација Дарио Шариќ следната сезона минува во редовите на Денвер Нагетс. Шариќ во наредните две сезони ќе биде соиграч на Никола Јокиќ.
Најпознатиот НБА инсајдер Адријан Војнаровски пренесува дека клупскиот статус на Шариќ во следните две години е решен.
По една година помината во Голден Стејт Вориорс каде заработи 2,7 милиони долари, Шариќ во новата сезона ќе го носи дресот на Денвер Нагетс. Тој ќе им се придружи на Никола Јокиќ и ќе заработува 5,3 милиони долари по сезона. Првата година од договорот е загарантирана, а Шариќ може да ја одбие втората доколку добие нова понуда.
Дека Денвер сериозно размислува да го врати шампионскиот трофеј од минатата сезона покажува и ангажманот на Расел Вестбрук.