Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (У20), ја оствари третата победа во подготовките за Евробаскетот.
Попладнево во СЦ „Кале“ во Скопје, Македонија го совлада колеџ тимот „Just Right“ со 97:62.
Поради повредите, селекторот Смилковски беше приморан, мораше да ја „скрати ротацијата“ на само десет имиња. Но, дури шестмина македонски кошаркари имаа двоцифрен број на поени.
Симиќ реализираше 18, Бојчев и Кечовски по 13, Бошалески и Димитриевски по 12, а Стојаноски даде десет поени.
Во сабота на истото место ќе биде одигран и вториот контролен натпревар.
На Евробаскетот во Гдиња, Полска (13 до 21 јули), Македонија за противници во групата ќе ги има Шпанија, Турција и Белгија. Целта и задачата на оваа генерација е јасна, а тоа е да се обезбеди опстанок во елитната конкуренција.