Машката селекција на Македонија за играчи до 20 години, го одработи првиот дел од подготовките за Евробаскетот во Гдиња, Полска.
Во изминатите десетина дена, избраниот тим селектиран од страна на селекторот Боро Смилковски напорно и вредно работеше во СРЦ „Кале“.
Веќе денеска, следува оној, условно кажано, „полесен дел“ од подготовките, одигрување на контролни натпревари. Преку ниви, Силковски треба да ги одреди 12-мината за настап на првенството,
Напладне нашите младинци тргнуваат за Подгорица, каде утре и задутре ќе имаат две „контроли“ против соодветната селекција на Црна Гора.
Натпреварите во спортската сала „Вуцо“ се закажани за 20 и 21 јуни, со почеток од 18 часот.
Селекторот Смилковски и сметаат на сите кошаркари кои го одработија воведниот дел од подготовките. Исклучок е Ненад Јовановиќ кој има обрски со неговиот клуб Розето баскет, и подоцна ќе се приклучи на тимот.