Екипите на Вардар и Бадел ќе играат во финале на женската кадетска (У16) лигата. Ова откако двата тима беа подобри во полуфиналните натпревари против Тим Арена и и Крива Паланка.
ВАРДАР – ТИМ АРЕНА 91:37
Во првиот полуфинален натпревар не постоеја некои големи дилеми околу конечниот победник. Кошаркарките на Вардар уште од првата минута покажаа дека имаат доста поквалитетна екипа од онаа која доаѓа од Штип.
Уште во првата четвртина кошаркарките кои ги предводи Славица Наков направија осетна предност (23.9), А во исто темпо продолжија во втората, во која беа уште поубедливи, ја добија со (24:4), за повеќе од доволни (47:13) на полувремеото по што стигна потврдата за првиот учесник во големото финале.
Со 20.реализирани поени, Пислевска беше прв стрелец во Вардар, а двоен број на поени во овој меч имаа уште и Начевска (12), односно Кукунешковска (11).
Во екипата на Тим Арена, далеку најдобар поединец беше Колева, која освен 23.поени, додаде и седум скока, односно три асистенции.
БАДЕЛ 1862 – КРИВА ПАЛАНКА 61:30
Слично се одвиваа работите и на вториот полуфинален натпревар од овој финален турнир.
Младите кошаркарки на Бадел демонстрираа моќна игра и уште во раната фаза од полуфиналето број 2. Се стекнаа со предност која противникот реално не можеше да ја следи. По десет минути од играта, „баделки“ поведоа со (21:5), а до полувремето веќе имаа недостижни (36:9).
Алексовска со десет реализирани поени, го предводеше нападот на екипата во „жолто-сина“ комбинација во првите 20-минути. По „сиромашната“ трета чевртина, во Бадел 1862 се „отвори “ и Сарафиловска, која стигна до бројката од 14 поени. На другата страна, поентерски, донекаде, парираше Груевска, која беше стрелец на 14 поени.
Па така, во битките за медалите, утре попладне, прво, од 14.часот за бронзените одличја, ќе се борат екипите на Тим Арена и на Крива Паланка.
Нешто подоцна, од 16.30.часот во мечот за шампионскиот трофеј во М16 лигата ќе се сретнат екипите на Вардар и на Бадел 1862.