Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ќе игра вториот контролен натпревари во овој јунски циклус.
По победата над врсниците од Полска (2-1), младите македонски фудбалери попладнево ќе играат против Босна и Херцеговина.
Селекторот Драган Канатларовски и на овој натпревар се очекува да им даде можност на повеќемина фудбалерки. Впрочем Канатларовски пред заминувањето најави дека овие дуели се добра шанса за новите репрезентативци, но и постарите фудбалери кои треба да го потврдат своето место.
Сигурно дека оние кои ќе ја добијат довербата, ќе сторат се и по обој меч да излеат како победници.
Натпреварите со Полска и БиХ се дел од подготовките на селекцијата која во септември ги продолжува квалификациите за Европскиот шампионат.
Денешниот дуел меѓу БиХ и Македонија, што ќе се игра во Кониќ, ќе почне од 17 часот.
Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)