Младата фудбалска репрезентација на Македонија е поразена од соодветната селекција на Босна и Херцеговина. На контролниот, пријателски натпревар Босанските младинци (У21) славеа со 2-1.
Домаќините во два наврати ја искористија нерешителноста во нашата одбрана и веќе создадоа предност од два гол. Во самиот финиш односно 90-тата минута Фитон Адеми беше стрелец на голот за Македонија.
По победата над врсниците од Полска (2-1), младите македонски фудбалери беа надиграни од босанските врсници. Селекторот Драган Канатларовски и на овој натпревар да им даде можност на повеќемина фудбалери. Денеска претежно настапија помладите, оние кои во блиска иднина треба да настапуваат во селекцијата до 21 година.
Натпреварите со Полска и БиХ се дел од подготовките на селекцијата која во септември ги продолжува квалификациите за Европскиот шампионат.
Следните натпревари репрезентацијата до 21 година ќе ги игра на на гости. На 5 септември закажан е дуелот против Холандија, а на 9-ти септември против Гибралтар.