Покрај најдобрата и младата фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, ја очекуваат два контролни натпревари. Македонските младинците ќе „спарингуваат“ на гости со Полска и Босна и Херцеговина.
Селекторот Драги Канатларовски на овие дуели ќе им даде шанса и на неколкумина вови фудбалери, додека оние „стандардните“ треба да го потврдат своето место.
„Според планот ќе искористиме шанса да добијат нови фудбалери, а постарите во тимот треба да го потврдат својот статус во тимот.
Оваа е генерација на заминување, има право да игра уште четири официјални натпревари.
Има потенцијал и квалитет. Дел од играчите сериозно се пред вратите на А репрезентацијата.
Тоа впрочем е и нашата основна цел“,
вели меѓу другото Канатларовски.