На денешен ден пред точно 33 години фудбалерите на белградска Црвена звезда постигнаа историски успех освојувајќи ја титулата европски првак.
На 29 мај 1991 година, на стадионот „Свети Никола“ во Бари, во финалето на тогашниот Куп на шампионите, црвено-белите го совладаа Олимпик од Марсеј на пенали.
По 120 минути игра немаше постигнати голови, а Црвена Звезда беше подобра во пенал серијата. Последниот пенал го изведе Дарко Панчев и ги постигна конечните 5:2 за црвено-белите. Со тоа поупорниот „Кобра“ му го донесе трофејот на белградскиот тим.
Во екипата на Црвена Звезда тогаш настапуваше и Илија Најдовски.
Подоцна, на 8 декември истата година, Црвена Звезда стана и светски шампион. Го победи Коло Коло со 3:0 во Токио во тогашниот Интерконтинентален куп.