Во младинската кошаркарка, денеска ќе го дознаеме шампионот на Македонија во машката кадетска конкуренција ( до 16 години). За трофејот како и пред неколку дена во генерацијата до 18 години, ќе се борат екипите на Вардар и Водно Санс.
Во полуфиналните дуели на завршницата што се одржува во СРЦ „Кале“ двата тима слевеа убедливи победи во полуфиналната рунда.
Вардарци го совладаа МКК Куманово со 97-42, меч во кој петмина играчи на победникот завршија со двоцифрен број на поенни. Најефикасен беше Терзиевски со 17, а еден помалку имаше Гиновски, Стојановски додаде 13, Ѓорѓевиќ заврши со 12, а Мијалов со 11.
Речиси иста слика на на полуфиналето меѓу Водно Санс и Работнички кој „сонцата“ го добија со 93-67. Сребров натпреварот го заврши со 17 поени, М. Костов со 15, Миленовиќ даде 15, Димоски 13, а Н. Костов уште 12 поени.
Така точно напладне Работнички и МКК Куманово ќе го полнат својот натпревар за третото место.
Во терминот од 14.30 часот е закажано финалето меѓу Вардар и Водно Санс.
Натпреварите може да ги гледате во живо овде.