Кошаркарите на Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром, попладнево ќе го одиграат третиот натпревар во финалната серија од Првата лига.
По двете победи на домашен терен, аеродромци сега „бркаат“ третата во низа. Со евентуален триумф тие би ја затвориле серијата и би освоиле нов шампионски трофеј.
Од друг страна, Пелистер е во ситуација да мора да победи, доколку сака да ја продолжи надежта за освојување на титулата. Сега пелистерци ќе ја имаат предноста на домаќинот терен. Со поддршка од трибините зелено-белите се надеваат дека ќе успеат во намерата.
Двата неизвесни дуели во Скопје, кои сино-белите ги добија со само пет поени разлика, се добра најава, дека и попладнево ќе гледаме интересна и неизвесна кошарка.
Дуелот што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне во терминот од 18.30 часот.