Викендов ќе биде „спуштена завесата“ на ракометната сезона во женската Супер лига. На програмата се дуелите од последното 26-то коло.

Во рамките од последната рунда, ќе се одигра и еден дерби натпревар. Во него ракометарките на Вардар го пречекува шампионот Ѓорче Петров.

Ѓорчепетровки вчера го кренаа шампионскиот трофеј, но секако ќе с еобидат сезоната да ја завршат без пораз. има само едно одиграно „реми“ против екипата на Металург Автокоманда, а се останато се победи. На претходниот меѓусебен натпревар Ѓорче успеа да го совлада Вардар со 31:27. Сепак вардарки ќе сторат се да му го нанесат на шампионот единствениот пораз. Затоа се очекува на ова дерби да видиме интересен натпревар со борба до последната минута.

Натпреварот е закажан со почеток од 13:00 часот во спортската сала ,,Круме Кепески”. Судиската двојка која ќе ја дели правдата на овој натпревар е Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко.

Инаку вчера се одигра првиот меч од ова последно коло. Требаше да биде дерби, но Металург Автокоманда славеше убедливо со 37:23 на гостувањето кај Куманово.

СУПЕР ЛИГА – Последно 26.коло
сабота

АСТИБО – ЧАИР СКОПЈЕ 12:30 часот
СТРУЖАНКА – СПАРТАК 12:30 часот
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 13:00 часот
ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 13:00 часот
ПЕЛИСТЕР – ДЕСПИНА 15:30 часот
Недела
ШАМПИОН – СКОПЈЕ 19:00 часот
одиграно во вчера (петок)
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 23:37

Ивона Кимовска