Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по 11-ти пат е шампион на Македонија. Ова откако во третиот натпревар од финалната серија на плејофот МЗТ беше подобар Пелистер.
По двата добиени натпревари пред својата публика, аеродромци сега славеа во Битола. Со 78:67 го добија денешниот меч и со чисти 3:0 во победи ја затвори серијата.
Пелистерци и по трет пат во низа се поразени во финалето од МЗТ, а горчината да биде поголема е што лани и годинава трофејот сино-белите го освоија во Битола.
Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија. За Дамјан тоа е петтото признание МВП во кариерата.