По струмичкиот турнир, македонските одбојкари викендов ги очекуваат два нови натпревари во Европската златна лига. Репрезентацијата е Беверен ќе утре ќе игра против Азербејџан, а в недела со домаќинот Белгија.
Двата протвника досега забележаа по два пораза што е идентичен ефект како нашиот национален состав. Акцентот е ставен на Азербејџан со оглед дека има полош рејтинг од нас.
Во составот на Македонија нема промени, а селекторот Наковски ќе се потпре на истиот кадровски потенцијал.
„Нé очекуваат два натпревари против Азербејџан и Белгија.
Реално се очекува барем една победа.
Се надевам дека против екипата на Азербејџан, конечно ќе извозуваме една победа и дека дека ќе имаме добра игра против домаќинот Белгија“,
вели селекторот Наковски.
Вториот турнир во Бверен, денеска го отвораат домаќинот Белгија и Азербејџан. Утре нашите одбојкари против Азербејџан играат во терминот од17.30 часот, а в недела против Белгија од 15 часот.