Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години и се реваншира на Црна Гора. Во вториот контролен натпревар со Црногорците одигран на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, македонските надежи славеа со 2:1.

Откако пред два дена загубија со убедливи 1:5, денеска младите македонски фудбалери се радуваа на триумф, до кој дојдоа во второто полувреме.

Гостите од Црна Гора во првиот дел имаа предност од 0:1 со голот на Алекс Зековиќ во 25-тата минута.

Во второто полувреме, далеку подобра игра на црвено-жолтите. Гаштаров во 73.минута го израмни резултатот. Во 86-тата минута Македонија направи комплетен пресврт со погодокот на Алмир Подграѓа за конечни 2:1.