Кошаркарската Федерација на Македонија, ги објави имињата на селекторите на младинските македонски репрезентации.
Актуелниот шеф на стручниот штаб на екипата на ТФТ, Боро Смилковски е назначен за нов селектор на машката репрезентација до 20 години.
За Смилковски ова ќе биде прво селекторско искуство во кариерата. Последните две сезони учествува и во АБА 2 лигата, а во тековната стигна до полуфиналето од плеј-офот. Смилкповски ќе ги предводи младинците на Европското првенство од 13 до 21 јули. ќе се одржи во полскиот град Гдиња.
Предводник на машката селекција до 18 години ќе биде Горан Андреевски. Тој со екипата на Водно Санс, сезонава стигна до финалниот натпревар од М18 лигата, во кое вчеравечер во Гевгелија, го освоија сребрениот медал.
Андреевски ќе има задача да обезбеди што подобар резултат во „Б“ дивиијата на ЕП кое 26.јули до 4.август ќе се одржи во Скопје.
Александар Јованчев, ќе продолжи со селекцијата до 16 години, која исто така ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. И ова првенство ќе се одржува во Скопје, од 8 до 17 август.
Селекторското место во женската репрезентација до 18 години пак ќе го заземе Горан Крстевски. Најискусниот во оваа селекторска група, во изминатиот период својата кариера ја посвети на женската младинска, а потоа и сениорска кошарка. Прво како тренер на Бадел, а во овој момент и на МЗТ Скопје Аеродром.
Нашиот женски јуниорски состав ќе биде учесник на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое во периодот од 2 до 11 август во романскиот Плоешти.