Македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ го одведе Уникс Казан до ново финале во ВТБ лигата.
Димитриевиќ беше не запирлив во решавачкиот петти натпревар од полуфиналната срија против Локомотив Кубан.
Популарниот Нено постигна 31 поен, на кои додаде по шест скокови и асистенции, а Уникс славеше со 92-87 во „мајсторката“ и со 4:3 во победи ја затвори серијата.
Така Уникс Казан ќе има можност да ја брани шампионската титула освоена минатата година. А, противник на Нено и Уникс ќе биде московска ЦСКА Москва, која со 4:2 го елиминира Зенит Санкт Петербург.