Полека привршува сезоната во младинските кошаркарски лиги во Македонија. Екипите на Вардар и Водно Санс ќе се борат за шампионскиот трофеј во машката јуниорска конкуренција (У18).

Ова е исходот по одиграните полуфинални натпревари на завршниот „фајнал-фор’ турнир чиј домаќин е Гевгелија.

Во полуфиналните дуели.

Вардар го совлада домашниот состав на Кожув 97:74. Лукановски оствари дабл-дабл ефект со 27 поени и 19 скока, а Марјановиќ на 20-те поени додаде 8 асистенции и 7 скока. Одличен учинок имаа и Трајковски со 17 поени и 8 скока, како и Младеновски кој даде 15 поени. Во домашната (поразената) екипа, Ичев постигна 19, Букрлишев 16, а Кузманов 13 поени.

Екипата на Водно Санс беше подобра во полуфиналето со Феникс со 84:78. Комплетната прва петорка на Водно санс заврши со двоцифрен број на поени. Ќириловски постигна 18, Д.Бутемер 16, Димитриев и Трајанов реализираа по 13, а Митев додаде 10 поени. Кај поразената екипа на Феникс прв стрелец беше Стојковиќ со 25, а Петровиќ постигна 21 поен.

Завршните два натпревари за медали ќе се играта утре (вторник). Од 16 часот за бронзата ќе се борат Кожув и Феникс, а финалето, мечот за шампионски трофеј, меѓу Вардар и Водно Санс ќе почне од 19 часот.