Кошаркарите на Индијана ја собија „мајсторката“ со Њујорк и се пласираа во финлето на Источната конференција во НБА плејофот.
На решавачкиот седми натпревар во „Медисон Сквер Гарден“ тимот на Индијана славеше со 130-109 над Њујорк ја затвори серијата.
Освен во воведните две минути, останатиот текот од натпревар „Пејсерси“ ја контролираше играта и резултатот. Домаќинот имаше и „хендикеп“ со неколкумина повредени играчи, меѓунив и најдобриот Џејлен Брансон, кој најверојатно ја скрши раката. Немаа едноставно шанси „Никси“ да ја искористат предноста на домашниот терен, па четврти пат мораа да признаат пораз.
Тројца играчи кај Индијана имаа 20+ поени. Хилбартон постигна 26, Сиакам и Хембхард по 20, а со еден помалку Најсмит, а Тарнер додаде 17. Бадијала се покажаа 39-те поени на Де Виченцо кој погоди 9 тројки.
Индијана по пауза од 10 години повторно обезбеди пласман во конференциското финале. Во него „Пејсерси“ за противник ќе го имаат најдобриот тим на истокот, Бостон.
Серијата подобар до четири победи (2-2-1-1-1) ќе стартува во Бостон во среда во 2 часот по полноќ.
Ноќеска, ќе го дознаеме и противникот на Далас во финалето на Западната конференција. Решавачки седми натпревар ќе играат Денвер и екипата на Минесота. Шампионот Денвер ќе биде домаќин на овој меч што ќе почне во 2 часот по полноќ.