Машката ракометна репрезентација на Македонија, вечерва ќе го игра првиот дуел од двомечот со Фарските Острови. Во Торшавн, македонските ракометари ќе почнат да го трасираат патот за Светското првенство. Ова е бараж дуел за Мундијалот што ќе се одржи следната година (јануари 2025-та).
Селекторот Лазаров за Торшавн ги поведе сите 21 ракометар колку што се подготвуваа за овој меч. Тој веќе ги одреди 16-мината кои вечерва ќе истрчаат на теренот во салата „Хилин а Халси“ која е со капацитет од околу 1.000 места.
На трибините ќе останат: Марко Кизиќ, Иван Џонов, Мартин Карапалевски, Марко Стојковиќ и Валентин Карасманакис. Затоа шанса на централната бековска позиција ќе добие најмладиот Дамјан Митев.
Дуелот меѓу Фарски Острови и Македонија ќе почине од 20 часот.