Спектакуларен фудбал понудија полуфиналистите во Конференциската лига. НА првите натпревари одиграно во Бирмингем и Фиренца беа постигнати дури 11 голови.
На „Вила Парк“ екипата на Олимпијакос славеше против домашниот состав на Астон Вила со 4-2. Ајуб Ел Каби е јунакот на грчката екипа. Мароканецот постигна три од четирите голови за Олимпијакос, а во листата на стрелци се запишаа и Сантијаго Езе.
Воткинс и Диаби беа стрелци на головите за англиската екипа. Во 83-тата минута Даглас Луиз можеше да намали, но не реализира пенал.
Во Фиренца, беше постигнат гол помалку. Домашниот состав на Фиорентина го совлада Клуб Бриж 3:2
Фиорентина поведе веќе во петтата минута со голот на Сотил. само десет минути подоцна Ванакен од пенал израмни на 1-1. Сепак, до крајот на првиот дел домашните успеаја повторно да дојдат до предност, овојпат со голот на Белоти и резултатот беше 2-1.
Во вториот дел гостите останаа со играч помалку откако црвен картон заработи Оњедика. Но, веќе во 63.минута уште еднаш успеа да го израмни резултатот. Стрелец беше Тиаго за 2-2. Конечниот резултат 3-2 за Фиорентина во судиското надополнување, го постави Енцола.