Машката македонска ракометна репрезентација на Македонија ја очекува двомеч со Фарските Острови преки кои црвено-жолтите „бркаат“ настап на Светското првенство 2025-та.

Откако пред само три дена селекторот Кирил Лазаров објави список со 36-мина ракометари, денеска тој е скратен на 20-мина. Имајќи во предвид дека во среда и четврток ќе се играат натпревари во Супер лигата, Лазаров, дополнително на списокот стави и седуммина резервни ракометари.

Првата прозивка Лазаров ќе ја направи на 3 мај (петок) во 16.30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Првиот натпревар против Фарските Острови македонските ракометари ќе го играат на гостински терен. Дуелот во Торшавн е закажан за 8 мај (среда) со почеток во 20 часот.

Реваншот ќе се игра на 12 мај (недела) во СЦ „Борис Трајковски” со почеток во 19 часот. Картите за овој натпревар се одамна пуштени во продажба.

СЕ ЗА ДУЕЛОТ МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ