Македонскиот боксер Алим Насуфи не успеа да го мине 1.коло на Европскиот шампионат што се одржува во Белград.

Насуфи попладнево боксуваше во категоријата до 67 кг. и беше поразен. Тој загуби од претставникот на Молдавија, Јануш Караван.

Со тоа Македонија останува со еден боксер во продолжението на шампионатот.

Арјан Исени кој боксува во категоријата до 80 килограми, обезбеди место во четвртфиналето, а со тоа и шанса за медал. Тој во среда (24 април) ќе боксува против домашниот претставник Србинот, Растко Симиќ, а доколку го победи ќе освои најмалку бронзен медал.