Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Шип, а во кој Брегалница ќе го пречека Работниллки ќе боде отворено 28,коло во Првата македонска фудбалска лига.

На двата тима неопходни им се бодовите, во борбата за опстанок во лигата. Тоа особено важи за домаќините кои се на претпоследното место на табелата со пет бодови помалку од Работнички кој е осми.

Но и „романтичарите“ посакуваат нови три бода на своето конто, како би ја зголеми предноста, во „мирните води“, во однос на најблискиот ривал Вардар кој заостанува два бода. Работнички беше во долг „пост“ на победи се до минатата недела кога го совлада токму Вардар.

Штипјани на последните два натпревари направија голем подвиг освојувајќи бодови во дуелите со претендентите за шампионскиот трофеј. Во минатото коло Брегалница одигра нерешено на гостувањето кај Струга, а пред две рунди го совлада Шкупи.

Дуелот меѓу Брегалница и Работнички ќе почне од 16 часот, термин во кој утре ќе се играат останатите пет натпревари.

ПРВА ЛИГА 28.коло
Сабота (16 часот)

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ
Недела
ГОСТИВАР – БРЕРА СТРУМИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ

Standings provided by Sofascore