Актуелниот првак го оправда реномето во првиот натпревар од финалната серија во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Струмица триумфираше над Штип УГД со 3-1 за водство со 1-0 во во победи во серијата до три.
Во салата „Парк“ вечерва, струмичани, на штипјани им беа потребни два сета за да почнат да го предизвикуваат противникот.
Првите два ги добија домаќините со 25:19 и 25:18. Освојувачот на Купот, Штип Угд беше подобар во третио сет со 23:25. Беа гостите во игра и во четвртиот, но струмичани не дозволија израмнување. Домаќинот го доби сетот со 25:22, а мечот со 3-1
Струмица го издржа притисокот и предводена од Хенкс со 16, Омхени со 13 и Милев со 12 поени стигна до победата. Задмард со 14 и Абхар со 12 беа најефикасни кај Штип УГД кој ќе биде домаќин на втората пресметка в петок.