Ракометарите на Вардар славеа победа во дерби дуелот со Еурофарм Пелистер и останаа во „потера“ по актуелниот првак, во трката за шампионскиот трофеј.

Супер интересен, рамноправен и борбен натпревар понудија ракометарите на двете екипи, во кој финишот им припадна на домаќините кои победија со 24-20.

Во првото полувреме вардарци беа за нијанса подобри. Освен почетните 0-1, за зелено-белите, резултатската предност постојано ја имаа домаќините. Само во три наврати Вардар имаше +2, но на одмор замина со гол предност (12-11). Предноста 1 до 2 гола црвено-црните ја одржуваа се до 39-тата минута кога водеше со 17-15. Но, за само две минути, битолчани постигнаа три гола и преземаа водството со 17-18. Пелистерци пропуштија неколку шанси за предност од два гола, а вардарци тоа го искористија. Јапонецот, Јасухира со гол од седмерец (5/6) на пет минути до крајот Вардар прв пат поведе со три разлика (23-20).

Најефикасен играч во победничката екипа беше Јасухира со шест гола (5/6 од седмерец). По четири гола за црвено-црните постигнаа Георгиевски, Петриќ и Родригез. Шест гола на спротивната страна постигна Цехте, а по четири Пешевски и Радивојевиќ.

Со овој резултат Вардар сега е на два бода помалку од Пелистер во трката на трофејот, а до крајот на шампионатот има уште седум интересни рунди.

Покрај овој натпревар вечерва се игра и дуелот во Автооманда каде Алкалоид гои пречекува тимот на Пролет. Останатите два ќе се играат утре и задутре.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 8.КОЛО
Вторник

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-20
20.00 АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ
Среда
16.00 СТРУГА – ТИКВЕШ
Четврток
19.00 ОХРИД – БУТЕЛ

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 23 бодови, Вардар 21, Охрид 17, Алкалоид 15, Тиквеш 13, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.