Арсенал против Баерн Минхен е секогаш натпревар кој привлекува големо внимание. Иако последните три меѓусебни дуели не се во добори сеќавања за Арсенал, сепак тоа е доволна причина за англискиот тим да се обиде да се реваншира
Арсенал по седум сезони пауза се вратија во Лигата на шампионите, а по пауза од 2010-тата се во четвртфиналисти. Арсенал е лидер во Премиер Лигата по 32 коло, но „во врат им дишат” Сити и Ливерпул. Младиот тим предводен од тренерот Артета и мината сезона беше 247 дена на врв на табелата, но на крај потфрлија. Сега со искуство повеќе и засилени „топчиите” не само што сакаат да „испукаат“ за прва титула во Премиер лига по 20 години, туку сакаат да стигнат и до прва во Лига на шампионите.
На Кејн и Тухел, од другата страна им остана само големиот „ушко” кој би бил спас за сезоната на Баерн. По 11 години Баерн ќе остане без титулата во Бундес лигата, а беше елиминиран и од купот. Тухел си оди на крај на сезоната, а за да не пропадне истата „Баварците” ќе се обидат да дојдат до седмиот триумф во Лигата на шампиони. Баерн според имињата на нивните играчи имаат еден од најдобрите тимови во светот. Сепак, останува впечатокот дека Тухел не успеа да ја најде вистинската игра за Баерн.
„Се од порано е веќе во историјата. Дури и кога ќе погледнеме низ историјата се ни станува јасно кој ни е противникот. Мораме да докажеме дека напредуваме секојдневно. Имаме научено премногу од расплетот на изминатите месеци. Ова е предизвик за кој треба да си возбуден дури и што си дел од него“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета
Дали Арсенал на својата тврдина ќе им ги „домрси” сметките на Баерн останува само на нив. Арсенал се самите оние кои треба да се докажат дека се зрели не само за иднината туку и за сега. Кејн ќе се обиде да го извлече максимумот од себе и од Баерн како што го прави тоа целата сезона. Тухел ќе сака да се отпрости од неславната етапа од Баерн со триумф во Лигата на шампионите.