Избраниците на Пеп Гвардиола убедливо ја совлада Астон Вила на својот „Етихад“ со 4:1, а јунакот на „граѓаните“ беше Фил Фоден кој забележа хет-трик на натпреварот.

Интензивниот почеток на Манчестер Сити донесе плод и уште во 11-тата минута. „Граѓаните“ поведоа со 1:0, а стрелец на голот беше Родри.

Сепак Астон Вила имаше брз одговор за Сити. Имено, Џон Дуран во 20-тата минута одлично се снајде во шестнаесетникот и погоди за 1:1.

Пред крајот на полувремето Фил Фоден реши да преземе се во свои раце, па со головите во 46-тата, 62-та и 69-тата минута тој забележа хет-трик и му обезбеди важна победа на Манчестер Сити од 4:1.

„Лудата“ трка меѓу Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул продолжува. Сити останува трет со 67 бодови. Исто колку има и второпласираниот Ливерпул, додека Арсенал ја зазема првата позиција со еден бод повеќе.

Се чека на Ливерпул кој има натпревар помалку, а ќе игра утре против Шефилд.