Фиорентина со минимална предност од 1-0 ќе патува на реваншот во Бергамо против Аталанта.
Виолетовите славеа со 1-0 со голот на Мандрагора во 31-та минута од мечот во рамките на првиот натпревар од полуфиналето од Купот на Италија.
Фиорентина беа подобри во овој дуел имаа поголем број на шанси, а само еднаш ја затресоа мрежата.
Сепак патникот во финалето ќе се реши во реваншот кој се игра на теренот на Аталанта на 24-ти април.
На „Артемио Франки“ искусниот Италијанец на додавање на Николас Гонзалез во 31. минута ја погоди целта и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во првото полуфинале вчера Јувентус извојува сигурна победа над Лацио од 2-0.