Арсенал дојде до рутинска победа против Лутон со 2:0. „Топџиите” дојдоа до важен триумф во трката за освојување на Премиер Лигата.

Победникот беше решен во првиот дел. Мартин Одегард го отвори резултатот во 24.та минута. Со автоголот на Даики Хашиока, Арсенал зголеми на 2:0.

Во второто полувреме немаше промена на резултатот и Арсенал дојдоа до посакуваниот триумф.

Со оваа победа Арсенал се лидери во Премиер Лигата со 68 бода по 30 кола, 1 бод повеќе од Ливерпул кој има натпревар помалку. Лутон пак остана на 22 бода и се наоѓа на 18-то место.