Во три дена Јувентус и Лацио уште еднаш си ги одмерија силите овојпат во Купот на Италија каде се игра полуфиналето.

Пред три дена Лацио со 1-0 славеше во Рим со гол во 95-тата минута каде ги однесе трите бода во Калчото.

Овојпат Јувентус со 2-0 му врати Лацио во првата средба од полуфиналето од Италијанскиот куп.

Вечерва на Алијанц арената во Торино, ,,Старата дама,, со два гола позитива ќе патува на реваншот во Рим.

Откако првиот дел заврши без голови 0-0, домашните фудбалери беа решени уште на стартот на вториот дел да постигнал гол и да го отворат резултатот.

Тоа го направи Киеза во 50-тата минута кога донесе водство од 1-0. Јувентус продолжи со офанзивната игра и во продолжение на мечот.

Во 64-тата минута веќе беше 2-0 откако Влаховиќ ја затресе мрежата на Лацио и го постави конечниот резултат на мечот.

До крајот Лацио се обидуваше да го ублажи поразот, но не успеа да го погоди голот на Јувентус.

Возвратниот меч се игра на 23-ти април во Рим каде Лацио ќе ја брка негативата од два гола.