Тимовите на Штутгарт и Хајденхајм ги поделија бодовите играјќи 3-3 на МХП Арената во Штутгарт.

Тоа е епилогот по навистина интерената средба богата со голови каде на крајот немаше победник.

По првиот дел домаќините имаа предност од 1-0 преку голот на Гуираси во 41-та минута.

Гостите сепак мораа по вторпат да ја вадат топката од мрежата откако во 53-тата минута на 2-0 зголеми Стилер.

Но Хајденхајм не се предаде и по негативата од два гола. Во 62-та минута намалија на 2-1 преку автоголот на Нубел, а во 84-тата минута израмнија на 2-2 преку Клајдинст.

Целосен пресврт на мечот за голем шок на стадионот и за навивачите на популарните ,,Шваби,, донесе истиот играч по само 1 минута од израмувањето за водство на гостите од 2-3.

И кога сите очекуваа пораз на Штутгарт и големо изненадување во ова 27-мо коло, во 98-та минута Ундав погоди за 3-3 и голем бод за домаќините.

Гостите можат само да жалат за пропуштената шанса и трите бода кои значеа живо во Бундеслигата.

Вака со само еден бод се наоѓаат на 11-тото место на табелата со 30 бода со 10 бода повеќе од Мајнц кој во зоната за испаѓање од лигата на 7 кола до крајот на сезоната.

Штутгарт пак со овој бод остана на третото место со 57 бода и пропушти да му се доближи на Баерн Минхен кој има три бода повеќе.

На другиот меч одигра во истиот термин, Аугсбург и Келн исто така одиграа реми 1-1.

27.коло ќе се затвори со мечот Бохум – Дармштад кој е во тек.