Екипите на Вардар и Еуро Никел вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

Многу поважен за домашната екипа, која бараше победа со која ќе има подобра стартна позиција во плејаут лигата. Од друга страна кавадарчани беа „фиксирани“ на позицијата 6 пред почетокот на плејофот. Тоа не ги спречи, по голема борба, да излезат како победници со конечни 67-70.

По 22 одиграни кола, Еуро Никел заврши со ефект 14-8 (победи-порази), доволен за шестото место и дуел со Пелистер во четвртфиналето на плејофот.

Вардар финишира со 3-19, односно 25 бодови, еден помалку од Академија ФМП и Охрид и два помалку од Кожув. Во битка за опстанок, ќе се играат уште шест кола.

Четвртфиналето во плејофот ќе се играа до три добиени или подобар од максимални пет натпревари.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР
(2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС
(3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
(4) ЧАИР – ТФТ
Во полуфинале ќе играат победниците од дуелите, (1) – (4) и (2) – (3)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА
ТАБЕЛА: Кожув 27, Охрид 26, Навико Академија ФМП 26, Вардар 25 ;