Екипата на Барселона триумфираше над Лас Палмас. Барселона победи со 1:0, а Лас Палмас „поцрвене“ уште во првото полувреме.

Првото полувреме помина доста турбулентно. Барселона поведе со 1:0 со голот на Рафиња, но голот беше поништен поради офсајд. Во 24-та минута Алваро Валес доби црвен картон. На полувреме се замина со 0:0.

Во второто полувреме работите се сменија. Барселона почна да игра понапаѓачки и тоа вроди плод. Рафиња постигна гол за 1:0 во 61.та минута. До крајот немаше промена на резултатот.

Барселона во Ла Лига е на втората позиција со 67 бода на 30 одиграни кола. Лас Палмас се наоѓа на 12-то место со 37 бода. Лидер е Реал Мадрид со освоени 72 бод, но и натпревар помалку. Утре Реал ќе го игра дербито со Атлетик Билбао.