Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, го претрпе и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2025-та.
Попладнево на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, избраниците на Драган Канатларовски загубија од Шведска со 0-2.
Гостите доминираа во текот на целиот натпревар, па само благодарение на одличниот Алчевски на голот, Македонија прими само два гола.
Во првото полувреме „викинзите“ создадоа дузина на шанси, но Алчевски ја сочува својата мрежа. Својата надмоќ гостите ја крунисаа во вториот дел кога ги постигнаа двата гола.
Алчевски беше немоќен да стори било што повеќе до во 67.минута кога Розенгрен погоди за 0-1, и во судиското дополнение кога Вилхелмсон ги постави конечните 0-2.
Во вториот натпревар одигран денеска во истата „Ц“ група, Грузија како гостин го совлада Гибралтар со 2-0.
Вчера Холандија славеше со 3-0 кај Молдавија и го одржа максималниот ефект па сега има 21 бод.
Токму Холандија е следен противник на македонските младинци во дуелот закажан за 5 септември, на гостински терен, како и оној четири дена подоцна (9 септември) во Гибралтар.
ТАБЕЛА: Холандија 21 бод, Грузија 13 бодови, Шведска 10, Молдавија 6, Македонија 6, Гибралтар 0.