Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 година, попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2025-година.

По поразот од Украина во првото коло, избраниците на селекторот Тони Јакимовски денеска ќе играат против Швајцарија.

Противникот во првата рунда славеше минимална победа над Летонија и со три бода е пред нашата селекција на табелата. Затоа, триумф е императив за нашите млади фудбалери доколку сакаат да го сочуваат шансите за местото што води на Европскиот шампионат.

Натпреварот Македонија – Швајцарија ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а почеток е во 14 часот.

Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Во истиот термин во Ѓорче Петров ќе играат Украина и Летонија.