Претпоследниот дел од лигашкиот дел на АБА2, носи настапи на две македонски екипи. Кошаркарите на Пелистер, напладне, е играат против Спартак Суботица, а попладне ТФТ ќе се сретне со Шибенка.

Пелистерци сеуште се шанси за влез во плејофот.

Но, покрај тоа што имаат тежок противник во лидерот на табелата, ќе мора да ги чекаат и останатите резултати. Имено, битолчани како и екипата на Хелиос, имаат победа помалку од Борац Бања Лука и Сутјеска. Под претпоставка македонската и словенската екипа да остварат победи тогаш ќе се формира мини табела од четирите екипи.

Затоа ќе мора прво да го сочекаме исходот од дуелот Пелистер – Сутјеска кој почнува во 12 часот, а потоа и мечот Хелиос – Подгорица од 15 часот.

По овие два натпревари, во терминот од 18 часот закажан е дуелот меѓу ТФТ и Шибенка. Тоа е пресметка на двете последно пласирани екипи на табелата. Победникот од овој меч ќе го избегне „фенерот“