Во Штип каде се одржува завршниот турнир во одбојкарскиот Куп на Македонија, денеска на програмата се полуфиналните дуели кај дамите.

За разлика од машката полуфинална рунда, во женската конкуренција не очекуваат поинтересни пресметки.

Уште во првиот полуфинален меч ќе имаме дерби, кога на мегдан ќе излезат одбојкарките на Работнички и Струмица. Тоа е дуел на актуелниот бранител на трофејот Работнички и доминантната екипа на Струмица која сезонава претрпе само еден пораз во 19-те одиграни натпревари. Тој пораз дојде токму од Работнички пред десет дена. Струмичанки сигурно ќе сакаат да се реваншираат, а актуелните шампионки да се изборат за ново финале.

Блага улога на фаворит ќе имаат одбојкарките на Јанта волеј кои за место во финалето ќе играат против Наковски волеј.

Потсетување дека во машка конкуренција екипите на Струмица и Штип УГД, лесно преку Лирија и Работнички, стигнаа до место во финалето.

Натпреварите за трофеите (финалињата) во двете конкуренции, на програмата се во недела.

ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА

Полуфинале (жени) – петок
17.00 СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ
20.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ
Полуфинале (мажи) – одиграно вчера
РАБОТНИЧКИ – ШТИП УГД 0-3
ЛИРИЈА – СТРУМИЦА 0-3
Финале – недела
12.00 Финале (жени)
15.00 Финале (мажи) СТРУМИЦА – ШТИП УГД