Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, е во Анталија, каде ќе одигра два контролни натпревари со Молдавија и Црна Гора.
Овие натпревари, како и дуелите против Полска и Хрватска во јуни месец, за избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе послужат за воигрување на тимот, но и подигнување на атмосферата во составот, пред настапот во новиот циклус на Лигата на Нациите закажан за во септември.
„Можам да изразам задоволство од тоа што го видови за овие три дена што се однесува до работната атмосфера. Освен Алими и Ашковски останатите ќе бидат на располагање за двата натпревари.
Имаме играчи кои воопшто немаат минутажа, но ние сме навикнати на тоа. Сепак, сето она што го покажуваат за време на собирите со репрезентацијата и тие го дават својот максимум. Сите се подготвени да го дадат она што се бара од нив.
Ќе ги искористиме овие натпревари да пробаме нови тактички варијанти, но и нови позиции на одредени фудбалери, па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа“, изјави Милевски
Првиот тест македонските фудбалери ќе го имаат утре против Молдавија во дуелот закажан од 15.30 часот. Три дена подоцна (25 март) ќе играат против Црна Гора (18 часот).