Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се последните полуфиналисти во англискиот ФА Куп.

Ова е епилогот по одиграниот последен четвртфинален дуел, во кој Јунајтед славеше над Ливерпул со 4-3 по продолженja (2-2) и се пласира меѓу четирите најдобри.

Љубителите на фудбалот, не само оние на „Олд Трафорд“ туку и сите ширум светот што го гледаа натпреварот сигурно се задоволни од прикажаното. Беа постигнати седум, а можеше да има барем уште толку голови.

Што се однесува до текот на мечот.

Домаќините поведоа со погодокот на Мектоминај уште во 10-тата минута. Во самиот финиш на првиот дев (44 и 45+2.минута) со погодоците на Мекалистер и Салах, Ливерпул направи пресврт и поведе со 1-2.

Тој резултат беше актуелен се до 87-та минута кога Антони погоди за израмнување на 2-2. Маркус Рашворд е трагичарот на домашниот тим. Тој имаше најмалку три големи шанси за гол, а последната буквално во последните секунди, но не успеа да реализира и да му донесе победа на Јунајтед.

Регуларните 90.минути завртија без победник (2-2), па се играа дополнителни 30. Во 105-тата Харви Eлиот биеше од работ на шестнаесетникот, а топката го закажи еден од домашните фудбалери и го измами Онана за водство на Ливерпул од 2-3.

Возбудувањата тука не престанаа. Рашфорд се извади за сите промашувања во 112-тата минута кога израмни на 3-3. И кога сите очекуваа пенали, по брзата контра во 121-та минута Дијало го постигна четвртиот гол за „црвените ѓаволи“, за победа и делириум на „Олд Трафорд“.