Младинската ракометна репрезентација на Македоија го загуби вториот контролен дуел со силната репрезентација на Хрватска. Противикот се радуваше на триумф од 34:28, а на полувреме беше 16:13. Конечниот исход е пред се на грешките на нашите ракометари во финишот на дуелот. Инаку, вчера двете селекции одиграа нерешено, а двата дуела се играа без присуство на публика според договорот на селекторите.
Македонските младинци најквалитетниот дел од натпреварот го одиграа на почетокот на второто полувреме кога од негатива од -3 на полувремето успеаја да изедначат на 19:19. Димитар Узунчев со 11 голови беше најефикасниот во нашиот тим, додека Дејан Михајловиќ постигна осум.
Македонија ќе одигра уште два контролни натпревара во текот на сезоната во мај месец со Чешка, а на Европското првенство што се игра во Словенија, нашата репрезентација е во група со Хрватска, Црна Гора и Австрија.