Со комплетирањето на реванш осминафиналните натпревари, познати се сите осум екипи што ќе продолжат во четвртфиналето на Лигата на Европа.
Ливерпул и Милан се нај не посакуваните противници за четвртфиналната рунда, чии парови ќе ги дознаеме денеска. Тоа е сосема јасно имајќи ги во предвид нивното реноме, како и досега прикажаното, во текот на целата сезона.
Но, при денешната ждрепка нема никакви ограничувања, па дуел на овие два тима уште во четвртфиналето, би била вистинска сензација.
На извлекувањето во Нион, практично ќе го дознаеме моќниот пат на екипите до финалето закажано за во Даблина на 22 мај.
Имено покрај четвртфиналните ќе бидат познати и двојките за полуфиналето, а со тоа и за самото финале.
Покрај овие два гиганта кои важат за најголеми претенденти за трофејот, во игра останаа и: Вест Хем, Рома, Аталанта, Баер Леверкузен, Бенфика и Олимпик Марсеј.
Ждрепката за Лигата на Европа е закажана за 13 часот.