Вториот дел од „приказната“ за синоќешниот „инцидент“ на дуелот меѓу Чаир и МЗТ Скопје, го имаат домаќините.
Од таборот на Чаир, во своето соопштение до јавноста меѓу другото велат, дека МЗТ кога гледа дека губи измислува инциденти.
Соопштението на КК Чаир ви го пренесуваме интегрално:
Супер натпревар, блескава атмосфера, преполна спортска сала, една вечер која ќе остане долго во нашите спомени, каде што уште еднашка се потврди дека Чаир е и ќе остане храм на спортот, ви БЛАГОДАРИМЕ од ❤️.
👉🏻 Што се однесува до вестите и лагите кои се шират во јавноста, ги демантираме потполно со доказ каде целиот натпревар е сниман од сите аголи на многу медиуми и исто така од други камери. Претпоставениот “Инцидент” е измислен од противничкиот тим каде што и секогаш, во моментот кога гледаат дека губат, лансират невистински работи, за сите настани што се дешава имаме снимки каде во ниеден момент немаше физички контакт.
Овие снимки и факти ќе ги доставиме на компетентните органи.
Секако дека Комесарот за натпреварување при КФМ, Милојевиќ, ќе има полни раце работа, по што треба да ја донесе и конечната одлука за натпреварот.
Санкции секако ќе има за двата тима, кои дополнително ќе ја „наполнат“ касата на федерацијата.