Кошаркарите на Пелистер ја забележаа четиринаесетата победа во Првата лига.

Во воведниот натпревар од 20.коло, одигран попладнево во СЦ ,,Кале”, Пелистер славеше над ,,фенерџијата” Вардар со 86-74 .

Гостите од Битола подобро ја одиграа првата четвртина и ја добија со седум разлика 15-22. Инаа на стартот на втората имаа пелистерци и +9 (18-27), но тука застанаа. Вардар направи серија од 13-0 и поведе со 31-27. Сепак на одмор се замина со предност на Пелистер 37-41.

Во третиот период зелено-белите во четири наврати имаа двоцифрена предност. Со +10 Пелистер влезе во последниот квартал. Немаа сили вардарци да се надигруват со искусниот противник, па битолчани славеа со конечни 86-74 .

Андреј Маслинко со 23 поени беше најефикасниот играч во победничката екипа, за која Магдевски и Планиниќ постигна по 20.

Овој натпревар како и утрешните два во Скопје, се играат порано од вообичаеното, поради обврските на трите македонски претставници во АБА2 лигата.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
13.март (среда)

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 74-86
14.март (четврток)
18.00 ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ
21.00 ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
16.март (сабота)
15.30 АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР
18.00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
17.март (недела)
20.00 ФЕНИКС – ОХРИД